Актуелно

Еден повреден полицаец и еден приведен кај Табановце, Спасовски во посета на службеникот од МВР


На вчерашниот инцидент кој ескалираше помеѓу демонстрантите од ВМРО-ДПМНЕ кои го блокираа граничниот премин Табановце и полицијата, едно лице е приведено поради напад врз полициски службеник.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва, заедно со началникот на СВР Куманово, беше во посета на повредениот полицаец од протестот на ВМРО-ДПМНЕ.

На протестот на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ дојде до турканици меѓу демонстрантите и полицијата, а еден од учесниците удрил полицаец по што бил приведен.

Претходно, беше објавено видео како демонстраните се туркаат со полицијата. ВМРО-ДПМНЕ веќе трета недела организира блокирање на неколку крстосници во Скопје, а денеска беше првпат да блокира граничен премин.

 

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top