Со еден муабет Кајли ја падна вредноста на „Снепчет“ за 1,3 милијарди долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден твит на славната Кајли Џенер од кланот Кардашијан/Џенер беше доволен за на социјалната мрежа „Снепчет“ да предизвика пад на вредноста на акците од околу осум насто, или 1,3 милијарди долари.

„Отвара ли некој воопшто Снепчет или само јас… ова е навистина тажно“, напиша на „Твитер“ полусестрата на Ким Кардашијан.

Нејзината порака се однесува на редизајнот, кој неодамна го воведе „Снепчет“, а на многу корисници не им се допадна.