Еден клучен фактор ја поскапе цената на златото


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Највредниот метал поскапе, помогнат од слабиот долар, кој се спушти до најниското ниво од над една година.

Цената на златото се зголемува шеста последователна сесија во петокот и забележаа најголем неделен раст за два месеци, објави Investing.com.

Фјучерси на златото со испорака од август поскапеа за 0.72 насто до 1 254,48 долари за унца на платформата Comex во Њујорк. Неделно растот на цената изнесува 1,97 насто.

Доларскиот индекс, кој ја мери силата на зелените пари во однос на шест главни валути, се намали во петокот со 0,32 насто до 93,78 поени, најниско ниво од 22 јуни минатата година. Неделно падот е 1,32 насто, втора недела по ред.