Еден ден деноноќието ќе трае полни 25 часа – еве кога ќе се случи тоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британски научници дошле до заклучок дека Земјината орбита се забавува и тоа постепено ќе го продолжува денот.

Тие ги споредиле случувањата од 720 година пред нашата ера сè до 2015 година, со цел да направат посигурна проценка.

Истражувањата откриле за колку години денот ќе трае 25 часа, земајќи предвид дека должината на денот се продолжува за две милисекунди на секои 100 години. Тоа значи дека дополнителниот еден час ќе го добиеме отприлика за 200 милиони години.

„Проценките се рамковни, бидејќи геофизичките сили коишто дејствуваат врз ротацијата на Земјата нема нужно да бидат константни во текот на толку долгиот временски период“, рекла Лесли Морисон, коавторска на студијата.