Џејсон Батон си се почести со „де лукс“ примерок од McLaren за 37-от роденден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Светскиот првак во Формула 1 од 2009 година, Џејсон Батон, за својот 37-ми роденден се почести со McLaren 675LT Spider, суперавтомобил кој е еден од вкупно 500-те примероци кои се произведени.

10-1-button-mclaren1

Моделот е доста баран, а тоа го докажува и фактот дека сите 500 примероци беа распродадени веднаш после неговата премиера во март, минатата година, на Саемот за автомобили во Женева. McLaren имаше сјајна година изминатата 2016, бидејќи својата продажба ја зголеми речиси двојно во однос на продажбата во 2015.

10-1-button-mclaren2

Батон доби верзија на моделот 675LT Spider со спецификации за американскиот пазар. Станува збор за 675LT Coupe, со подвижен покрив. Автомобилот го движи појачан осумцилиндричен 3,8плитарски bitturbo мотор, кој има моќ од 666 коњски сили и 700 Nm обртен момент. Од 0 до 10 км/час развива за 2,9 секунди, а графиран е на максимални 326 км/час.

10-1-button-mclaren3

Покривот може да се отвора и да се затвора при брзини до 30 км/час. Батон оваа сезона нема да настапува во Формула 1, така што ќе има доволно време да ужива во својата нова жестока машина на асфалтот. Тој, исто така, поседува модел од реткиот P1, произведен во само 375 примероци.