Двајца студенти осомничени и приведени за нападот на џамијата во Квебек


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Две лица се приведени во врска со вчерашниот напад врз џамија во Квебек, во кој загинаа шест лица, а 17 се ранети.

Приведените се студенти во најстариот универзитет во Канада, Лавал, пишува локалниот весник Солеј.

Нападот се случи кога вооружени мажи отвориле оган врз верниците, кои се собрале за вечерна молитва во џамија во канадскиот град.

Според очевидците, цитирани од локалните телевизии, двајца маскирани мажи влегле во зграда  околу 19:15 часот по локално време, и отвориле оган, по што избегале.

Радио CBC јави дека напаѓачите извикувале Алах акбар пред да го извршат злосторството. Полицијата веднаш дошла на местото на настанот и двајцата напаѓачи биле приведени во околината на џамијата.

Петмина од повредените се во критична состојба, а 12 се со полесни повреди, изјави портпаролката на Универзитетската болница во Квебек.

Канадскиот премиер Џастин Трудо го окарактеризираше нападот како терористички акт.