Дваесетгодишна скопјанка во животна опасност откако беше удрена од мотор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дваесетгодишната Т.Т. е во животна опасност по синоќешната сообраќајка што се случила на улицата Иван Хаџи Николов во Скопје.

Сообраќајката се случила кога мотоцикл со кој управувал 32годишниот З.А. од Скопје удрил во девојката. Со тешки телесни повреди девојката била пренесена во Ургентниот центар во Скопје со возило на Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.