Актуелно

ДВ: Додик, карта и фломастер


Интервјуто на претседателот на Република Српска, Милорад Додик за ДВ предизвика бројни реакции во регионот. Неговата одлука да ги прецртува границите на Балканот уште еднаш ги врати сеништата од минатото, пишува Дојче Веле.

На прашањето „дали оваа карта ќе опстане во наредните десет години?“, Додик на картата на Балканот со фломастер ги одбележа Република Српска и северот на Косово како дел од Србија, а потоа за секој случај ја дополни картата и со Војводина.

„Што и фали? Баш е убаво. Тука би била оваа… како се вика… Босна, а тука Херцег Босна“, ја подели Додик и Федерацијата БиХ. На прашањето дали и Херцег Босна треба некому да се припои, тој рече: „Па нека остане сама. И ние ќе останеме. Ние немаме намера да се укинуваме себеси па да се спојуваме со Србија. Како што е Војводина може да биде и Република Српска. “.

„(…) Тоа би било чесно решение за сите“, рече Додик покажувајќи повторно кон картата.
Снимката од прекројување на границите на Додик- иако во интервјуто повеќе пати се огради велејќи дека времето не е созреано за тоа- имаше стотици илјади гледачи на платформите на ДВ, а го пренесоа сите регионални медиуми.

Па сепак, овојпат изостанаа острите реакции какви што имаше на интервјуто на Бакир Изетбеговиќ за ДВ, кога официјален Белград дури го свика и Советот за национална безбедност. Овојпат од Белград немаше ниту збор осуда за Додик.

Инаку, новинарите на ДВ во текот на серијата разговори со босанските лидери на сите им понудија карти на БиХ за да покажат како ќе изгледаат границите за десет години, но Драган Човиќ, Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ одбија да се впуштаат во прекројување на границите.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top