Дури 40 фудбалери му биле предложени на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последните денови од зимскиот трансфер период раководството на Реал Мадрид само ги набљудуваше и воопшто не беше активно.

Меѓутоа, „Марка“ открива дека многу фудбалер му биле предложени на „кралскиот“ клуб од страна на нивните агенти.

Според весникот станува збор за најмалку 40 фудбалери, а најзвучно име од сите е секако Мауро Икарди од Интер. Други играчи предложени на Реал Мадрид биле Леонардо Бонучи, Могамед Салах, Едисон Кавани, Гонзало Гуедеш…

Шпанските медиуми тврдат дека целта на агентите била зголемување на цената на фудбалерите. Имињата кои се поврзуваат со Реал Мадрид всушност ќе имаат поголема финансиска вредност во следниот трансфер период.

Клубот од „Сантиаго Бернабеу“ е еден од ретките големи клубови во Европа кој не се засили во зимскиот преоден рок.