ДУИ вчера попладне го доставиле предлог законот за јазик до СДСМ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ДУИ попладнево го вратила на СДСМ предлог законот за албанскиот јазик, дознава телевизија 24, а неофицијално потврдуваат од ДУИ. Според информациите ДУИ имала повеќе забелешки на предлогот на законот за aлбански јазик. Најверојатно говорат информациите партијата на Ахмети одговорот од СДСМ ќе го чека до недела.

Вчера, како што објави Телевизија 24 лидерот на ДУИ Ахмети и Зијадин Села со помош на експерти ја направиле својата верзија на законот за да ја достават на СДСМ. Доколку двете партии ги усогласат ставовите за употребата на албанскиот јазик, тоа ќе отвори пат за давање на потписите на пратениците на ДУИ и на Алијансата на Aлбанците на СДСМ со што ќе се создаде мнозинство од над 61 пратеник за формирање влада.