ДУИ утре ќе пресече дали ќе коалицира во Влада со ВМРО ДПМНЕ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


ДУИ е неединствена по прашањето за коалиција со Груевски. Таборот на Ахмети не сака да го менува Груевски, додека таборот на потпретседателите може да биде голема пречка во остварувањето на амбициите на долгогодишните коалициски партнери повторно да прават влада.

Утре вечер, кога треба да се состане Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата ќе одлучи дали ќе коалицира со ВМРО ДПМНЕ, дознава НОВА. На ова ќе му претходи состанок на потпретседателството на ДУИ кој што ќе се одржи денеска во Мала Речица во седиштето на ДУИ. Извори за НОВАТВ во партијата велат дека се очекува потпретседателите да останат на своите претходни ставови – дека не смее да се случи коалиција со Груевски.

Потпретседателите на ДУИ Теута Арифи, Невзат Бејта, Изет Меџити и Садула Дураку во изминатиот период отидоа контра желбата на лидерот Али Ахмети којшто има поддршка од Муса Џафери, Бујар Османи и Абдулаќим Адеми. Ахмети и неговата група во јавноста дури и зборуваа дека Мајскиот договор ги обврзувал да коалицираат со партијата која добила најмногу мандати на изборите. Експертите и познавачите на овие документи, меѓу кои и странски дипломати, ова го толкуваа како обид да Ахмети да ја оправда евентуалната влада со Груевски потенцирајќи дека такво нешто нема во тој договор.

Во ДУИ е неизвесно како ќе се одлучи утре со оглед на тоа што Ахмети не само што се соочува со бунт на потпретседателите, туку и притисок доаѓал и од тројца од нивните новоизбрани пратеници во Собранието, кои што, според написите во повеќе медиуми се заканиле дека нема да го гласаат изборот на таа влада.

Некои од високите функционери на ДУИ своите ставови ги соопштуваа во неформални разговори со новинарите, но имаше и такви кои јавно се противеа на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, како градоначалникот на Гостивар и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта.

Не сум сретнал ниеден Албанец кој се залага за коалиција со Груевски и ВМРО, изјави Бејта неодамна, навестувајќи го неединството во ДУИ и силните притисоци врз Али Ахмети. На ова Груевски возврати дека Бејта му се восхитувал и дека тие двајца одлично соработувале, за по неколку дена кај Бејта да биде испратена финансиска полиција. Бејта обвини дека на тој начин врз него се врши притисок за да ги прифати

Пет дена пред истекот на законскиот рок, 29 јануари, кога мандатарот Никола Груевски треба да соопшти дали има мнозинство во парламентот, јавноста се уште нема релевантни информации за тоа како течат преговорите и кои ветувања се во игра. Овие преговори веќе го носат предзнакот најнеизвесни, но и најнетранспарентни со оглед на тоа што јавноста е комлетно исклучена.