Драма во Идризово: Мистериозно труење на питомци во полициската академија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вистинска драма се случувала утринава во центарот за полициска обука, кога тројца кадети за време на физичките вежби паднале во бесознание, по што се пожалиле на тегоби во стомакот и главата. По ова, како што соопштија од МВР, мачнина пријавиле уште триесетина студенти и била повикана итната медицинска помош.
Од страна на ме­ди­цинскиот персонал им се извршени медицински прегледи на 38 слушателите. Три од лицата со амбулантното возило од Итна медицинска помош се пренесени во Кли­нич­ки центар, две од нив се пуштени веднаш по дополнителниот преглед додека едно лице е задржано, пишува во билтенот на МВР.
Сведоци на настанот биле и останатите студенти и вработени во центарот за обука, кои не сакаа да зборуваат пред камерите, но се сомневаат дека кадетите се затруле од храната која ја конзумирале наутро пред физичките вежби.
Студентите, кои сакаа да останат анонимни, во неофицијален разговор со нашата екипа го потврдуваат настанот и велат дека забележале неколку амбулантни возила во центарот за обука на полицајци, кои ги однеле нивните колеги на инфективните клиники.
На терен за проверки и натамошно испитување биле повикани надлежни институции, меѓу кои и инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство, но оттаму за сега не соопштија податоци за она што било пронајдено.
Началникот на центарот за обука, Гоце Бачанов, пак во телефонски разговор со Телевизија 24 ги демантираше сите наводи и тврди дека станува збор за непотребна паника.
Ништо од тоа не е точно. Имавме едно лице со стомачен вирус, кое се пожали на тегоби, па после него уште неколку други деца се пожалија дека биле затруени, но на крај испадна дека не е ништо сериозно и нема простор за непотребна паника, вели Бачанов.
Инаку пред извесен период, независниот полициски синдикат обвини, а Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека во касарната Илинден била примена храна со поминат рок, која се испотави дека е штетна дури и за животните во зоолошката градина, па на крај заврши во Дрисла.