Досега необјавени фотографии од Лејди Ди: Лежерно насмеана и среќна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аукциската куќа Littleton Auctions од Ворчестершир објави досега необјавени фотографии од принцезата Дајана на кои таа, надвор од фомралните обврски и должности, позира во лежерно издание.

Фотографиите се правени во раните 1980-ти години и ја прикажуваат обожаваната принцеза во ретки моменти кога не била изложена пред очите на јавноста. Со сопругот Чарлс и пријателите, на една од нив, уживаат на село и по насмевката се гледа дека тоа е од деновите кога таа и Чарлс биле вљубени еден во други и среќни.

Денес е организирана аукција на која истите ќе бидат понудени на продажба преку наддавање и се очекува да достингат високи цени бидејќи се исклучитено ретки, а со тоа и вредни.