Долговечност на Сардинија: Во ова селце луѓето во просек живеат над 100 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за области во светот во кои генетиката на луѓето им подарила долговечност со над 100 години живот, тоа секогаш е импресивен феномен и интересна појава за која се интересираат и научниците.

Низ светот постојат неколку региони, односно села и гратчиња во кои жителите просечно живеат подолго од другите места. Такви места постојат на сите континенти, а едно од нив е и селцето Тиана во централна Сардинија.

Од Тиана е и Антонио Тод, првиот човек на светот кој живееше 110 години, а бројот на жители кои имаат над сто години таму е три пати поголем од остатокот на Италија. Ова е и најверојатно единствениот регион каде што мажите живеат еднакво долго како и жените.

Сепак, генетиката е само 20 до 25 отсто причина за долгото живеење на островот. Интервјуата со постарите лица и истражувањата покажуваат дека главни причини за длабоката старост на жителите на Тиана се социолошките и психолошките фактори.

„Семејството, социјализацијата, дружењето и чувството на припадност играат голема улога во квалитетот на живот, што е темел на долговечнста. Тие се во центарот на вниманието, имаат своја улога и знаат дека не некого се потребни, а на тоа помага и генетиката, медитеранската храна и религијата“, вели писателот Луиџи Корда кој поминал две години на островот правејќи интервјуа со жителите кои имаат над 100 години.

Забележал дека сите се здрави, речиси и да не примаат лекарства и по стотата година се занимаваат со активности со кои се занимавале цел живот.

Рита Томаина, родена во 1907 година рекла дека никогаш не гледа телевизија.
Салваторе Спано, роден во 1907 година секој ден вози велосипед.
Мариа Сата, 1907 година, секој ден јаде компири и тестенини.
Мишел Фалки, роден 1908, обожува да игра.
Филомена Серели, 1907 година, секој ден пие козјо млеко.
Џовани Лаи, 1906 година, често јаде лазаљи и пие вино.

„На југот, особено во тој регион старите луѓе се во центарот на општеството. За разлика од северните Италијанци, тие никогаш не ги оставаат своите родители во домови за стари лица и не ги игнорираат. Тие се потпора за целото семејство и сите се дружат, а старите се грижат за домашните животни“, објаснува психологот Мариа Киара Фастаме која напоменува дека е важно да се знае дека популацијата на Сардинија, благодарение на изолацијата, генетски е различна од останатиот дел на Европа, што ги објаснува ендемските болести.