„Доларума“, „платенику“ и купови долари кај голот – започна пеколот за Донарума (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младиот голман Џанлуиџи Донарума го навлече гневот на целата италијанска јавност откако одби да потпиши договор со Милан од 5 милиони евра по сезона.

Вечерва Донарума настапи со италијанската репрезентација на Европското првенство во Полска, и имаше немилосрден печек од фановите.

На трибините имаше транспаернти „ДОЛАРума“, „платеник“, „предавник“, а во 35 минута кон неговиот гол од трибините беа фрлени лажни банкноти од долари.

Фан групата на Милан од Полска денес најави дека ќе дојде на натпреварот и дека ќе му спреми „герила“ акција на младиот голман.