„Докторка по турбофолк“: Јапонка ќе брани докторат на српски турбофолк – темата е…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Музикологот Фуми Уехата во Осака  ќе брани докторска дисертација на тема поврзана со српската новокомпонирана музика. Вели, Србија ја засакала преку народната музика, но Цеца, Сека Вики се нејзини омилени пејачки, пишува српски Новости.

Според весникот, за неа – српските турбо фолк пеачи се закон. Цеца, Сека, Вики, а секако и Џеј, се квалитетни музичари, а нивните хитови и песните на другите новокомпонирани изведувачи се пријатни, забавни и привлечни композиции. Толку се добри што ги избрала за тема на својот докторат!

„И тоа не би било чудно ако „борецот за правда за српскиот фолк” не е музикологот Фуми Уехата (37) од Јапонија, и ако докторската дисертација не ја брани на Универзитетот во Осака“, заклучува весникот.

Во Србија дошла како студент преку размена пред 14 години. До 2006 година, таа студира на Филозофскиот факултет во Белград. Живее во студентски дом на Звездара, каде, како што вели, често се правеле журки на кои, за прв пат го слушнала невообичаениот звук – српските народни песни.

„На почеток не ми се допадна многу, но кога се вратив во Јапонија, во родната Осака, ми недостигаше сè што е типично за Србија и почнав да слушам многу народна музика. Постојат неколку песни кои многу ги сакам – „Београд” од Цеца Ражњатовиќ, „Механички” од Вики Миљковиќ, „Така млада“ Тања Савиќ и „Црно и златно” на Сека Алексиќ“, вели таа.

Фуми ги завршила своите додипломски и постдипломски студии на катедрите за општа уметност и  за музикологија. По неколку години поминати во Јапонија, Таа пред три години доби државна стипендија на Јапонија за докторски студии и на нејзина голема радост, повторно се врати во Белград каде што ја подготвува дисертацијата.

„Знаев добро какви се оценките на јавноста и критичарите за народната музика, но овие критичари не ги слушнале луѓето од оваа музика,  пеачите, аранжерите, композиторите. Ниту пак објаснуваат, на пример, што мислат за оваа музика и култура нејзините креаторите и која е нивната цел кога ја креираат. Тоа е причината зошто јас сакав да ја проучам оваа музика, од сосема нова точка на гледање, без негативниот став кон неа што ја имаат не само критичарите, туку и повеќето луѓе“, објаснува Уехата.

Темата на нејзината дисертација е „Студија за репрезентацијата и приемот на музичкото изразување на националниот идентитет во поп-фолк музика во Србија”. На крајот на годината, ќе ја брани својата докторска дисертација на Универзитетот во Осака во Јапонија.

Заедно со уште неколку други Јапонци ја истражува балканската музија, проект на кој работат веќе четири години.