Дојде крај на холивудскиот брак за кој со години се зборува се и сешто!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актерскиот пар Вил Смит и Џада Пикет се едни од најдолговечните холивуските парови, а неодамна прославија 20 години од бракот.

Вил прв пат се ожени во далечната 1992 година, а неговата тогашна сопруга, Шери Зампино истата година му родила син. Но, документите за развод ги предаде во 1995 година.

Две години покасно, Вил повторно беше во брак, со Џада, а парот има и две деца кои одамна тргнаа по стапките на своите родители.

Иако со години се зборувало за проблеми во бракот, Вил Смит и Џада Пикет, минатата година прославиле 20. годишница од својата венчавка. Сите наводи за разидувањето секогаш остро ги демантирале, но сега веќе медиумите пишуваа дека двојката сепак живее одвоено и тоа откако нивните деца се иселиле од нивниот дом и почнале самостоен живот.

Гласините се уште не се потврди, а и документите за развод наводно не се предадени, но извори блиски до парот наведуваат дека како самци одлично се забавуваат.

Во случај ова да е вистина, парот ќе мора да најде начин како да го подели имотот кој се проценува на вртоглави 270 милиони долари.