Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија стапи на сила


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева соопштија дека го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи, со што во сила стапи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

Овој договор беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, а со денешното потпишување завршува формалната постапка за стапување во сила, по ратификацијата во парламентите на двете земји.