Додека сите очекуваа бомба, Коларов „им го смести“ на интелигентен начин (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајсторија на српскиот фудбалски репрезентативец за победа на Рома на отворањето на италијанската Серија А.

Лесен почеток за Јувентус, лесно и за Наполи, а иако тоа резултатот можеби не го покажува баш како така, помалку или повеќе лесен старт и за Рома.

Новата сезона во Серија А Римјаните ја отворија со победа во Бергамо и станаа првиот тим кој на стадионот „Атлети Д’Азури“ славеше после ноември минатата година, кога таков успех имаше Удинезе. Серијата од 11 натпревари без пораз на тимот од Џан Пјеро Гасперини ја скрши Александар Коларов и ги растажи навивачите на „Божицата“ со минимален резултат од 1:0.

Српскиот репрезентативец се врати во Калчото после седум сезони поминати во Манчестер Сити. На англиските тереми, меѓу останатото, демонстрираше колку умее да биде опасен од прекин, кога ќе ја „затегне“ својата лева нога, но во Бергамо, овој пат, се определи за изведување слободен удар со лукавство. На домашните фудбалери успеа да им ја „продаде“ токму таа фора.

Во 31-та минута судијата Џакомели досуди слободен удар за гостите на 20 метри од голот на домашниот голман, во правец по средината на голот. Топката, секако, ја зеде Коларов, па сите очекуваа уште една „бомба“ од Србинот, но тој се одлучи за местенка и ја пласираше топката по земја, под живиот ѕид од домашните фудбалери. Тоа беше доволно паметно за да ги изигра дефанзивците од Аталанта и голманот Етрит Бериша, за прв гол на неговото конто по враќањето во Серија А.

Рома даде гол на време и ги контролираше случувањата на терен, па Аталанта не успеа да изедначи, иако имаше неколку шанси и една статива.