Добри вести за Барса: Дембеле започна со тренинзи!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона за две недели го игра големото дерби против Реал Мадрид, а Ернесто Валверде конечно доби добри вести кога се во прашање повредените играчи.

Познато е дека „Ел Класико“ сигурно ќе го пропушти Самуел Умтити кој се повреди на мечот против Селта. Тоа сигурно е голем удар за каталонскиот клуб бидејќи францускиот дефанзивец оваа сезона игра фантастично.

Сепак, не е се така црно за Барса и Валверде бидејќи после неколку месеци денес започна со тренинзи Осман Дембеле. Французинот ова лето пристигна на „Камп Ноу“ како замена за Нејмар, но се повреди на почетокот од сезоната и се шпекулираше дека ќе се врати дури во јануари.

Меѓутоа Дембеле денес започна со тренизи, го одработи целиот тренинг со остатокот од тимот, па најверојатно ќе биде спремен за големото дерби.