Актуелно

Добија шанса и историчари, но Министерството за здравство избра економист


Од Министерството за здравство соопштија дека посочениот оглас за државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, кој крена прашина во македонските медиуми поради условите кои се бараа за апликантите, е завршен.

Од Министерството потенцираат дека единствениот кандидат кој ги исполнувал сите услови е дипломиран економист, а дополнително има и соодветни едукации, кои се совпаѓаат со условите кои треба да бидат исполнети за таа позиција.

„Целта на Министерството за здравство е на вакви значајни позиции да се изберат најдобри и најквалитетни кандидати. Огласот е распишан по постојната систематизација, која за жал, свесни сме дека не е соодветна. Веднаш е почната постапка за нејзино менување, со цел во иднина да не се повторуваат вакви или слични огласи“, стои во соопштението.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top