Доби желба да посети банка после 29 години, па отиде да уплати 2 милиони долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатата американска водителка и комичарка, Елен ДеГенерис, неодамна во своето шоу на пречека својата колешка, Опра Винфри, една од најбогатите жени во САД, која откри дека не отишла во банка цели 29 години.

Имено, Елен во својата емисија има нова игра со наслов Ellen’s Show Me More Show во која поставува разни прашања на славните личности. Така, овој пат ја пречека Опра и ја нагости со низа жешки прашања. Меѓу другото, ја праша Опра кој е PIN кодот од нејзината банковна картичка.

Опра се замисли и беше во благ шок кога кажа дека, всушност, сака да го заборави својот PIN бидејќ воопшто нема потреба од него.

„Кога ти, Елен, последен пат си била во банка?“, ја праша Опра својата домаќинка, која одговори дека „многу, многу, многу одаман не била во банка“. Тие двете го продолжија разговорот за тоа колку често ги посетуваат банките, па Опра откри дека неодамна, прв пат од 1988 година отишла во банка, онака, да си уплати два милиони долари на својата сметка.

„Само сакав да го направам тоа. Стоев во ред и чекав да го направам тоа“, откри Опра.

И додека уплатата од 2 милиони долари сериозно би ја раздрмала нечија банковна сметка, тоа е само ситница за Винфри, чие богатство се проценува на повеќе од 3,1 милијарда долари.