Доби казна од 6 години затвор за 9 грама марихуана


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За дваесетина дена Апелациониот суд во Битола ќе треба да ја разгледува жалбата на скопјанецот Реџеп Арслани кому за поседување на 9,25 грама марихуана прилепскиот Суд, во март оваа година, му изрече затворска казна во траење од шест години, пренесува Судство.мк.

Казната која ја изрекол судијата Ѕвонко Младеноски, како претседател на Судечкиот совет, се однесува на настан што се случил на 17. јануари минатата година кога сега осудениот дошол на посета на лице, кое било во прилепскиот затвор. Имено, Арслани, според Основното јавно обвинителство, се обидел да прошверцува 9,25 грама марихуана што била скалдирана во кеса и скриена во појасот на неговите алишта, а која му била откриена од затворските чувари.

Приказната на сега осудениот Реџеп Арслани е уште почудна кога се знае дека постои сведок кој ќе потврди дека му дал пари за лице кое било на издржување на заворска казна, а кое сега осудениот планирал да го посети и дека заедно со парите нему му бил даден и еден „џоинт“.

Имено, одбраната на Арслани тврдела дека пред посетата тој имал телефонски повик од затворот и дека осуденото лице му кажало дека од извесен Мартин С. треба да добие 20.000 денари кои требал да ги донесе во затворот, но дека нему не му било кажано дека заедно со парите имало и „џоинт“ со кој осуденото лице требало да се „почести“. Ваквите аргументи на одбраната за судот се покажале како недоволни и затоа во образложенето на пресудата се наведува дека Реџеп Арслани ги шверцувал и парите, бидејќи затворските правила налагаат прием од само пет лијади денари, а тој во себе имал четири пати повеќе и уште 9,25 грама од „зеленкастата материја“.

Коментарот „ах што ми направија“, изречен од устата на Арслани, според мислењето на судот дошло откако кај него била пронајдена марихуаната, а не како што тврди неговата одбрана дека кажаното дошло како негова спонатана реакција, бидејќи и самиот бил изненаден од она што било понајадено кај него.

За судот е нејасно зошто лицето кое се јавува како испраќач на „џоинтот“ би го правел тоа ако, според мислењето на судот, тој месеечно заработува седум лијади денари, а „пратката“ чини четири илјади денари.

Според сознанија на СУДСТВО.МК одбраната на осудениот Арслани, во жалба, пред повисокиот суд, ќе инсистира на сопствените тврдења со појаснување дека и за кривично дело убиство се изрекува помала казна од онаа која му е изречена на Реџеп Арслани, а ќе се бара од судот да го утврди она што за судот во Прилеп е неспорно и се однесува на констатацијата дека тој и претходно бил осудуван за кривично дела, но кои ниту се наведуваат како такви, ниту, пак, се кажува кога тие пресуди биле изречени.

Casinobonus.mk ви ги нуди сите информации за играње на онлајн казино во Македонија.