Дизајн, економичност, одржливост: Пловечки соларен дом за бекство од реалноста


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Floatwing е претставен како пловечко романтично бекство од секојдневието за двајца, кое го нуди португалска компанија за дизајн.

Станува збор за стилски одлично дизајниран самоодржлив пловечки објект, при чие создавање фокусот беше ставен врз енергетската ефикасност и самоодржливост во комбинација со користење на еколошки пријателски материјали.

Floatwing претставува проект со еколошка освестеност кој остава свој мал еколошки печат и може за шест месеци да произведе 100% од енергијата која му е потребна за самоодржливост во домаќинството во текот на цела година.