Директорката на ММФ, Кристин Лагард, седна на жешкото столче за обвинети во парискиот суд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во периодот кога Лагард е именувана за министерка за економија и финансии на Франција, односно во 2007 година, правниот спор меѓу Тапие и банката Кредит Лионас сe уште не бил решен, но таа издала наредба спорот да се реши преку приватна арбитражна комисија, наместо преку суд. Директорката на ММФ е под истрага од 2014 година поради тоа што случајот на Тапие го доверила на арбитражниот суд, без при тоа да ја утврди независноста на еден од арбитрите. Лагард исто така се товари и за тоа што не се жалела на одлуката на арбитражата, која пресудила во корист на Тапие.

Во Судот на правдата на Република Франција, во Париз, денеска започна судењето на Кристин Лагард, директорка на Меѓународниот монетарен фонд. На Лагард и се суди поради нејзината улога во арбитражна пресуда од 2008 година, кога беше министерка за економија и финансии во тогашната француска влада, односно поради последиците од спорот што пред точно осум години го водеше францускиот бизнисмен Бернард Тапие против банката Кредит Лионас, а во врска со продажба на акции од компанијата Адидас, чиј сопственик беше Тапие од 1989 година.

Тапие во текот на 90-тите години и ја довери продажбата на акции на компанијата Адидас на банката Кредит Лионас, но потоа ја тужеше банката за проневера бидејќи, како што тврдеше, го оштетила во продажбата. Неговото објаснување беше дека банката подоцна ги продала акциите од „Адидас“ за многу повисока цена.

Во периодот кога Лагард е именувана за министерка за економија и финансии на Франција, односно во 2007 година, правниот спор меѓу Тапие и банката Кредит Лионас се уште не бил решен, но таа издала наредба спорот да се реши преку приватна арбитражна комисија, наместо преку суд. Директорката на ММФ е под истрага од 2014 година поради тоа што случајот на Тапие го доверила на арбитражниот суд, без при тоа да ја утврди независноста на еден од арбитрите. Лагард исто така се товари и за тоа што не се жалела на одлуката на арбитражата, која пресудила во корист на Тапие.

Поради сето ова, во 2008 година на францускиот бизнисмен државата морала да му исплати отштета во вредност од 403 милиони евра.

60-годишната Лагард ги отфрла обвиненијата, но најави дека за време на судењето, кое треба да трае до 20 декември, привремено ќе се повлече од функцијата што ја има во ММФ.

Економските аналитичари оценуваат дека ова судење може да има големо влијание врз сегашната позиција на Лагард, директорка на ММФ, посебно доколку биде прогласена за виновна. Ако биде осудена, ѝ се заканува затвор од една година и парична казна од околу 15 000 евра.

Инаку, кредибилитетот на оваа институција е разнишан уште од времето на претходниот директор Доминик Штрос Кан, кој беше принуден да поднесе оставка во 2011 година откако беше обвинет за сексуален напад.