Директорите на Милан во тајна посета на Лондон – со кого преговараат „росонерите“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ во денешното издание открива дека во текот на вчерашниот ден деректорите на Милан, Фасоне и Мирабели биле во инкогнито посета во Лондон.

Весникот тврди дека двајцата директори заминале со приватен авион на тајни преговори, но сеуште не е откриено името на фудбалот.

Некои од италијанските медиуми денес шпекулираат дека целата на посетата можат да бидат тројца фудбалери, со оглед на фактот дека Милан е во потрага по врвен напаѓач и крилен фудбалер.

Првото име е Ријад Марез од Лестер за кого „БеИн Спорт“ информира дека „росонерите“ се силно заинтересирани и се спремни да платат 40 милиони евра колку што бара англискиот клуб.

Другото име е Диего Коста кој е на излезна врата од Челзи. Фудбалерот сака преселба во Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ имаат ембарго за трансфери до јануари. Пред неколку дена медиумите пишуваа дека Милан може да го донесе напаѓачот на позајмица до јануари, но италијанскиот клуб не се согласува и сака перманентен трансфер.

Третото и најшокантно име е Кун Агуеро кој го загуби првотимскиот статус кај Гвардиола. Наводно каталонскиот стратег нема да се противи на неговото заминување, а „росонерите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат на „Сан Сиро“.

Што од ова е точно, останува да видиме во наредните денови, но едно е јасно – Милан спрема нов голем трансфер!