Димитров, Ордев и Додовски на светска компилација од амбиентална музика


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Издадена е првата компилација на амбиентална, електронска и експериментална музика „Remote Perspective, An Abstract Sound Compilation“ реализирана за македонската веб страница http://www.ampeff.com/.

На компилацијата се наоѓаат 19 траки од артисти од Македонија, Малта, Англија, Аргентина, Германија, Србија и Португалија во времетраење од 1 час и 55 минути. Таа е достапна за бесплатно преземање и преслушување на официјалниот сајт кој можете да го посетите ТУКА.

Музичката компилација е курирана од Amplidyne Effect (Мартин Георгиевски). Од македонските артисти застапени се Димитар Додовски, Тони Димитров, Александар Ордев.