Димитров денес на средба со Коѕијас, нема да се разговара за спорот со името


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска ќе престојува во официјална посета на Атина, каде што ќе се сретне со својот грчки колега Никос Коѕиас. По средбата предвидена е заедничка пресконференција.

Вчера Коѕиас изјави дека нема да се зборува за спорот за името бидејќи е прва средба за запознавање. Тој најави дека со Димитров ќе се фокусираат врз начинот на кој би продолжиле разговорите за развивање на билатералните врски и грчките идеи за нови мерки за градење доверба.

И македонскиот премиер Зоран Заев вчера изјави дека на средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, нема да се разговара за името туку како да се унапредат мерките на доверба меѓу двете земји.

Заев очекува тенденција на позачестени состаноци меѓу високи претставници на Република Македонија и на Република Грција, вклучително и на премиерите на двете земји. Го очекуваме господинот Нимиц да ги посети и Македонија и Грција, се со конечна цел да ги убрзаме ваквите процеси, но притоа секако, нашиот став е јасен. Ставовите поврзани околу уставното име на Република Македонија ќе ги градиме во конзензус со опозицијата, а ќе бидат конечни на референдум на кој ќе се изјаснат граѓаните, изјави Заев.