Актуелно

Димче Крстев денес на обвинителна клупа за „Шамарите во Центар“


Во кривичниот суд денес е закажан судскиот процес за Димче Крстев, седмообвинет во случајот „Насилство“ што се случи во општина Центар.

Судијката на главната расправа за него одлучи да ја раздвои постапката, па нему ќе му се суди одвоено.

Крстев се изјасни дека не е виновен. Тој на последното рочиште на кое присуствуваше рече дека нема адвокат кој ќе го застапува пред судот и побара судењето да се одложи со објаснување дека се чувствува лошо. Тој се пожали од третманот на полицијата за време на приведувањето за да присуствува на судењето. „Полицијата влезе кај мене дома во 4 часот за присилно да ме приведе“, рече тој. Судијката Татјана Михајлова истакна дека не ја повлекла наредбата за негово стражарно приведување зашто документацијата била доставена од адвокат што нема полномоштво да го застапува обвинетиот.

Ова е втора од трите издвоени постапки за насилството пред Општина Центар. Обвинетите Томислав Лазаров и Јордан Ристевски се двајца од 14-те обвинети кои признаа дека се виновни.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top