ДИК синоќа заседаваше до 3:30 – останаа за разгледување уште три приговори


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчерашната седница на Државната изборна комисија траеше до 3,30 часот утрово по што расправата беше прекината и беше одлучено денеска на пладне да се продолжи со работата. Досега се одбија 4 прговори од СДСМ, седум од Беса, а за еден приговор на Беса се чека на графолошка анализа на потписот на еден гласач.

Законски предвидениот рок за прифаќање или одбивање на приговорите измина вчера на полноќ.

Вчерашната расправа за приговорите поднесени од политичките партии за изборите одржани на 11 декември помина во друштво на бројни членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ кои до доцна во ноќта протестираа барајќи ДИК само да ги потврди претходно објавените резултати од изборите. Откако ДИК ја прекина седницата, заврши и протестот.

На собирот говореа и Илија Димовски, Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев, Борис Змејковски, Стевчо Јакимовски, Коце Трајановски, Валентина Божиновска, Филип Петровски.

Не сакаме ниту еден глас повеќе од она што сме го добиле, ниту пак ќе дозволиме да ни биде одземен барем еден глас, рече Милошоски.