Дијамантски гигант: Ископан е еден од највредните дијаманти!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дијамантот за кој се верува дека е петти по големина во светот и би имал вредност околу 40 милиони долари, пронајден е во Лесото, соопшти рударската компанија „Џем Дајмондс“.

Компанијата ја откопала дијамант во рудникот Леценг, а објавено е дека скапоцениот камен има 910 карати и е „многу квалитетен“. Фирмата го купи овој рудник во 2006 година, а претходниот рекорд на оваа локација бил 603 карати.

„Сепак ова е дијамант од висок квалитет и е најголем кој е откопан до сега. Ова е големо откритие“ вели директорот на рудникот.