Музика

Џез легендата повторно во Скопје: Чик Кореа и Electric Band во Метрополис арена


Легендарниот џез состав предводен од култниот џез пијанист, The Chick Corea Electric Band” на 2 јули ќе гостува во Скопје.

Во склоп на оваа ексклузивна светска турнеја и македонската публика за прв пат ќе има шанса да го слушне во живо проектот, кој засекогаш ќе остане дел од музичката револуција во џез музиката.

The Chick Corea Elektric Band е еден од неколкуте џез состави кои дефинитивно внесоа револуција во самата уметничка форма во џез музиката. Нивниот истоимен деби албум од 1985 година пристигна како гром од ведро небо, спојувајќи неколку правци – џез, рок, латино и фанк. Овој класичен квинтет состав: Чик Кореа –пијано, Дејв Векл – тапани, Џон Патитучи – бас, Ерик Маринтал – саксофон, Френк Гембл – гитара.

Во текот на осумдесеттите и деведесеттите години издаде неколку албуми, кои што извршија огромно влијание од Хип Хоп музиката, до сите најдобри џез музичари на денешнината. Чик Кореа е композитор и лидер на бендот, член на Jazz Hall of Fame и NEA Jazz Master, еден е од уметниците со најголем број на номинации во историјата на Grammy со дури 63 номинации и 22 освоени награди, компонира музика од класичен стил до авангарда, bebop до jazz-rock fusion, детски песни до камерни и симфониски дела или како што New York Times го дефинира „Чик е светлост на врелата и вечна младост“.

Сите информации за продажбата и цените на влезниците наскоро.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top