Џенифер Лоренс: „Признавам, кучка сум во односот со нив“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каде и да се појави, таа е вистинска атракција која е магнет за внимание не само на оние кои ја обожаваат, туку на цела јавност, генерално.

Познатата актерка Џенифер Лоренс во нејзиното интервју за магазинот „Variety“ му објасни на колегата Адам Сендлер зошто секогаш се однесува дрско со нејзините фанови.

Дваесет и седум годишната актерка кажа и како се справува со тоа што е една од најпрепознатливите лица во Холивуд.
Таа вели дека нејзините реакции биле со цел да се заштити себеси од непосакуваното внимание.

-Генерално, кога влегувам на некое јавно место, станувам многу дрска. Тоа е мојот единствен начин да се заштитам себеси, вели таа.

Познатата актерка откри и дел од методите кои ги користи како би ги обесхрабрила своите фанови да се приближат до нејзината маса во ресторанот и да и пречат да ужива во својот оброк.

Исто така отворено кажа дека секогаш кога е прашана за селфи, одговорот е НЕ.

За разлика од неа, Адам Сендлер се пошегува дека како што се наближува крајот на неговата кариера, тој се повеќе ужива во вниманието од неговите фанови и дека сака да се запознае со што е можно повеќе луѓе.