Актуелно

Џабе чекаат земјоделците: Субвенции никако да почнат да се исплаќаат


Исплатата на субвенциите за земјоделците повторно заглави во правните лавиринти.

И покрај времената мерка што ја донесе Уставниот суд минатата недела, сега од Министерството за финансии велат дека по основ на решението, сe уште немаат законска основа за исплата на субвенциите, и според деловникот на Судот мора да се чека конечната одлука. Ова им било посочено на консултациите што ги направиле со Уставниот суд.

Министерството постапува строго прецизно согласно законите.И покрај бројните притисоци во вид на шпекулации дека Министерството нема средства да ги исплати субвенциите, Министерството истраја и ја испочитува законската регулатива. Штом Уставниот суд ја донесе конечната одлука во среда и ја објави официјално, Министерството за финансии ќе пристапи кон исплата на субвенциите.

За дел од правните експерти е нејасно зошто Уставениот суд минатата недела донесе  времена мерка кога таа сега не се применува.

Суспендирана е примената на таа одредба. Таа суспензија до конечна одлука на Управниот суд треба да се гледа низ призмата на интересите на граѓаните – земјоделци на коишто им требаат пари за да си го одржуваат и прошират производството и тие пари на нив треба да им се исплатат, не треба да се бараат вакви или онакви изговори, изјави Темелко Ристески, универзитетски професор.

Од Уставен суд велат дека конечната одлука ќе се носи на закажаната седница оваа среда.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!