Актуелно

Девојче од село Моране почина од удар на автомобил


Четиригодишно девојче настрада во сообраќајна несреќа откако во него удрило автомобил. Несреќата се случи вчера околу 13 часот и 30 минути во Скопје, на улица Цветан Димов.

ПМВ Мерцедес со скопски регистарски ознаки, управуван од Б. Б. (62) од Скопје удрил во четиригодишното девојче од с.Моране.

Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со друго возило е пренесено во Градската општа болница Св.Наум Охридски, каде по укажаната лекарска помош, во 21 часот и 30 минути истото починало.

По несреќата Б.Б. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Истиот е задржан во ПС Бит Пазар, по што е изведен пред надлежен судија.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top