Авто мото

Devel – моќен ѕвер од 5.000 коњи (видео)


Следната недела овој неверојатно моќен суперавтомобил треба да го виде светлото на денот и Devel ќе биде промовиран за пошироката публика.

За овој брутално моќен автомобил последен пат се зборуваше во 2015 година, кога бше објавен видео тест од погонската машина. На динамометарот моторот даваше  3.367 kW (4.579 коњски сили) при 6.900 вртежи во минута и 3.200 Nm при 6.400 вртежи во минута.

12.3 V16 моторот е изработен од реномираната Steve Morris Engines (SME), а се зборува дека може многу повеќе. Ќе речеме дека во поставката со помал притисок на преднабивање за „секојдневна употреба“, дава 2.242 kW (3.049 коњски сили) при 6.900 вртежи во минута и 3.260 Nm при 6.600 вртежи во минута.

Новото изненадување стигна на почетокот од овој месец, кога моторот конечно го достигна ветениот максимум, над 5.000 коњски сили и околу 5.300 Nm. Најновите информаци велат дека автомобилот за јавноста ќе биде промовиран следната недела, и тоа на Dubai Motor Show. А да, со моќ од десет суперавтомобили, овој луд болид мора да „гази“ со над 500 км/час.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top