И денеска сончево и пеколно топло до 41 степен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло. УВ индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 24 степени, а дневната од 35 до 42 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 41 степени.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на деновите од викендот. Од понеделник во попладневните часови ќе има појава на умерена локална облачност. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.