Денеска се прегласува во Чаир


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот круг од локалните избори, одржани на 29 октомври, политичките партии поднесоа 16 тужби, Управниот суд отфрли 15 од нив, и ја прифати тужбата за ова избирачко место каде што се запишани 719 избирачи.

Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, од кои 66 гласа на избирачкото место 2901.