Денешни навики кои Русите си ги имаат уште од времето на Советскиот Сојуз


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Советскиот Сојуз постоеше 70 години, па не е изненадување што неговото наследство продолжува да живее – често под доста чудни (и понекогаш несакани) форми. Некои Руси едноставно не можат да заборават одредени свои навики. Порталот Руска реч шест од нив.

1. Ништо никогаш не се фрла

Дали некогаш сте минувале покрај некој станбен блок во Русија и сте забележале бројни балкони, кои се преполни од секакви предмети? Стари дрвени скии, скршени радиоприемниците, автомобилски делови, несакани подароци … апсолутно сè. Па, тоа е еден од преостанатите симптоми од советските времиња. Постои голема веројатност и внатре во самиот стан орманите, полиците и гардероберот исто така да се полни со непотребни џинџурии – некои Руси едноставно не можат да поднесат да исфрлаат што и да е.

За време на СССР фрлањето предмети се сметало за непотребно и оваа навика е жива и денес. Никогаш не се знае кога ‘рѓосаната грицкалка за нокти на тетка ти може да ти затреба или, пак, онаа тегла со краставички со рок на траење што истекол пред 20 години. Советските семејства многу ретко фрлале и храна. Дури и јадењето да е пред расипување, секогаш може да биде спасено – од него може да се направат крутони или пак компир-торта.

2. Најубавите нешта се чуваат за светлата иднина

Многу Руси си чуваат во орманите по неколку убави кристални или порцелански сервиси. Обично тие им се подарени за свадба, годишнини или родендени. Па и порано, и сега тие се исклучително високо ценети. Речиси никогаш не се користат.

Поверојатно е да се види Русин да се смешка на непознат на улица или пак да пее американската химна, отколку да го извади најубавиот кинески порцелан. Чиниите, чашите, чиничињата и приборот кои користат секој ден, може да се испукани и стари, но речиси е сигурно дека убавите сервиси собираат прав на некое сигурно место. Причина: во времето на СССР луѓето сонуваат за светлата комунистичка иднина, па се чувале највредните нешта за подобри денови.

Овој став важи и за облеката – фустани и костуми кои стоеле во гардероба, без да се носат толку долго што кога им доаѓа време веќе не биле во мода. Денес некои Руси сè уште не ги распакуваат далечинските управувачи и ги чуваат во пластични фолии, за да не се изгребат.

3. Премногу грижа што мислат луѓето

„Што правиш? Што ќе речат луѓето? Не гледаш ли како те гледа онаа жена?“ Советските родители обично биле премногу строги во однос на однесувањето на нивните деца кон непознати, соседи, соученици и др. Денес ова може да звучи пресилно, но во тоа време луѓето навистина се грижеле. Зошто некој би дошол во ладната и брутална Русија, освен ако не е испратен од странските тајни служби, нели?

4. Комплиментите се нешто лошо

Па, ова не е случај само кај Русите. Англичаните исто тешко прифаќаат пофали – барем повеќето од нив. Но, Русите ги бие глас дека им е непријатно ако некој им обрнува незаслужено внимание. На пример, ако некоја продавачка се однесува премногу пријателски во продавницата, муштериите најверојатно ќе си излезат без да купат ништо. Скромноста се цени во Русија, додека на оние што сакаат да бидат во центарот на вниманието се гледа со негодување.

5. Без насмевки на улица

На секој кој бил во Русија овој факт му е до болка познат – Русите многу ретко се насмевнуваат на непознати, за разлика од Англичаните и Американците, кои шетаат наоколу насмеани од уво до уво на секој и сешто.

Да си сериозен било дел од животот во СССР. Меѓу луѓето постоела голема недоверба, остри политички промени, луѓе кои заминувале од татковината – и во поголемиот дел од времето немале којзнае какви прилики за насмевки. Се разбира, имало и многу причини луѓето да се смеат, а таа ера раѓа и некои добри шеги:

„Тројца мажи седат во една ќелија во седиштето на КГБ на плоштадот Ѕержински. Првиот го прашува вториот зошто го уапсиле, а тој му возвраќа: „Зашто го критикував Карл Радек“. Првиот одговара: „Ама јас сум тука бидејќи зборував во заштита на Радек!“, свртувајќи се кон третиот човек кој седи тивко на крајот од ќелијата и го прашуваат зошто е во затвор. Тој возвраќа: „Јас сум Карл Радек“.

Старата руска поговорка сепак уште важи: да се смееш без причина е знак на глупост. Ако успеете да натерате Русин да се насмевне, потапкајте се по рамо.

Забелешка: Тоа што Русите не се насмевнуваат, не значи дека тие не се пријателски расположени. Постои нешто што се нарекува „ладна љубов“!

6. Долги празници

Русите обожаваат богати гозби со пријателите и роднините кои траат со часови. Сакаат да поминуваат долго време на масата и да јадат класични руски јадења како руска салата, пељмени и шчи – исто како во СССР. На масата обично има и солидно количество алкохол и многу здравици за сè и за секого. Русите велат: „Ако вечерата дојде до десертот, забавата е неуспешна“.