Живот

Денешната реалност на бројките: Биолошкиот часовник е поместен – жените раѓаат подоцна


Иако не постои идеална доба за раѓање, првпат во историјата на човештвото нешто значително се помести во механизмот на биолошкиот часовник.

Никогаш во историјата не е забележана толку јасна доминација како денес: мајките што раѓаат во своите 30-ти сега и службено се помногубројни од оние што раѓаат во своите 20-ти години.

Тоа е очигледен знак дека часовникот се поместил, дека жените навистина подоцна се одлучуваат за деца и дека ризикот од доцната бременост веќе не е баук како што некогаш се сметало.

Всушност, статистиката врз која се заснова овој заклучок доаѓа од Америка, односно од нејзиниот Центар за контрола на болестите и нивна превенција каде што покрај податокот дека мајките во своите 30-ти се мнозинство, објавена е и просечната возраст на која мајките го раѓаат своето прво дете.

Во 2014 година таа просечна возраст за прво дете била 26 години, а сега се поместила на 28.

Ако ве збуни податокот, да појасниме дека она мнозинство мајки во своите 30-ти се однесува на сите бебиња, значи денес мајките навистина раѓаат по 30-тата година. Односно, ако првото дете го добијат на 28-29 години, следното го раѓаат по 30-тата.

Тоа е денешната реалност што им носи нешто многу добро на младите мајки и жени – многу помал притисок од општеството што поскоро да се омажат и да формираат семејство.

Денес тоа се случува малку побавно отколку во минатото.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!