Актуелно

Денес, во 13 часот, прес-конференција на СЈО


Претставниците на Специјалното јавно обвинителство денес, во 13 часот, ќе одржат прес конференција за која не е најавено каква цел ќе има.

„Денеска, со почеток во 13 часот, во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, ќе се одржи прес-конференција“, стои во најавата.

Последните активности на СЈО беа во домот на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска и во домот на екс генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, каде што беше извршен претрес. Според неофицијалните информации при претресот кај Канческа-Милевска беа одземени два мобилни телефони и еден компјутер.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top