И денес сонце и попладневна нестабилност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 17 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 22 до 32 степена.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 16 и дневна до 30 степени.

До четврток ќе се задржи нестабилно време, околу пладне и попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет.

Во четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепена стабилизација на временската состојба, по што следува период на стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот.