Денес сончево, во наредните денови натпросечни температури


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 1 до 9, а дневната од 19 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температура од 6 до 23 степени.

Од недела продолжува периодот на претежно сончево и топло време со пораст на дневните температури, кои од почетокот на наредната работна седмица на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.