Денес сончево со умерена облачност и температура до 23 степени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во текот на денот во западните и крајните источни делови повремено и значителна облачност.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се движеше од -3 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 16 и 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура достигна до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло, со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Услови за слаб локален дожд ќе има в среда, кога ќе дува и умерен северен ветер.