Актуелно

Денес сончево и топло, од понеделник нов студен бран


Времето денес ќе биде свежо, во текот на денот претежно сончево и потопло, со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 15 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб северен ветер.Температурата ќе се движи од 4 до 19 степени.

В петок ќе биде суво и уште потопло преку денот. Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има в сабота. В недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top