Денес се очекуваат новите цени на горивата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Без некои поголеми промени на цената на горивата во малопродажба се очекува денешниот состанок на Регулаторната комисија за енергетика. Според состојбата на светските пазари, вистинско изненадување ќе биде ако горивата се придвижат за половина денар во нагорна или надолна линија.

Просечната цена на нафтата врз основа на која реулаторот ги формираше цените пред две недели е идентична со она која во петокот беше актуелна на светските берзи. Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 66,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 68,5 денари по литар, а дизелот еден литар чини 53 денари.

Останува да видиме каква одлука ќе донесе Регулаторна денес.