Денес се чествува денот на Свети Климент Охридски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот.

Овој ден е прогласен за Ден на свети Климент Охридски, патронен празник на Македонската православна црква. Во негова чест, во Република Македонија се доделува секоја година на градата „Св. Климент Охридски“ со која се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.