Денес прва седница на новата Влада: Дали ќе се урива оградата околу владината зграда?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За денеска попладне е закажана првата седница на новата Влада. На официјалната веб-страница нема објавено каков ќе биде дневниот ред. Според досегашната практика, се очекува една од точките да биде именувањето на кандидатите за функционерите од вториот и третиот ешалон.

Новата Влада на премиерот Зоран Заев има намера да ја урне оградата од ковано железо со која е обиколена владината зграда, пренесоа дел од медиумите кои се повикуваат на извори во новата влада.

Оваа ограда беше поставена во септември 2015 од скопската градежна компанија Бауер БГ и чини 700 илјади евра.

Можно е уривањето на оградата да биде ставено уште не денешниот дневен ред на собраниската седница и на истата ќе се утврди како е изградена и на кој начин ќе се демонтира оградата. Целта е околу владината зграда да се отвори просторот кој ќе биде слободен за движење на граѓаните, а премиерот веќе побарал портите да бидат постојано отворени сè додека не се отстрани оградата.