Денес променливо облачно со температура до 11 степени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето денеска во земјата ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, а кон крајот на денот се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен по должина на Повардарието.

Температурите утрово се движат од -5 до -1, додека дневните ќе се искачат од 3 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде слично, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а утринската температура ќе се спушти до -1, додека во текот на денот се очекува искачување до 8 степени.

Стабилно и суво време се очекува до среда, со благ пораст на дневните температури. Во вторник и среда ќе има услови за појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, а на повисоките места и на планините ќе дува умерен ветер.

Во четврток и петок ќе има локални врнежи од дожд, а во западните делови во вечерните часови врнежте ќе преминуваат во снег.