Денес променливо и нестабилно време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Променливо облачно, претпладне и околу пладне во западните делови нестабилно со пороен дожд и грмежи, а попладне нестабилно ќе биде во југоисточните делови.

Позначителна нестабилност повторно се очекува во петок кон сабота. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително намалување на дневната температура.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 17 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 19 до 32 степен.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степени.